
Нова студија од Италија носи интересни заклучоци…
Нова италијанска студија сугерира дека умерената консумација на вино, како дел од медитеранската исхрана, може да го забави биолошкото стареење кај мажите.
Студијата опфатила повеќе од 22.000 испитаници и ги анализирала нивните животни навики, исхраната и внесот на алкохол, а потоа ја споредила биолошката и хронолошката возраст користејќи биомаркери и вештачка интелигенција.
Резултатите покажуваат дека мажите кои пијат умерени количини вино имаат малку побавна стапка на стареење во споредба со апстинентите, додека ниту малите ниту прекумерните количини немаат ист ефект, а прекумерното пиење дури и го забрзува стареењето. Ефектот не е прикажан за вкупниот алкохол, туку само за умерениот внес на вино, веројатно поради полифенолите и начинот на живот што ја следи медитеранската исхрана.
Не се забележани значајни разлики кај жените, а научниците нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврдат овие наоди, пишува Мондо.