
Ќе ви треба:
- 400 г тестенини
- 300 г рендано сирење
- 500 мл млеко
- 80 г путер
- 2 лажици брашно
- 1 јајце
- сол и бибер
- прстофат мускатно оревче
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Сварете ги тестенините во солена вода според упатствата на пакувањето. Потоа исцедете ги и оставете ги настрана. Растопете го путерот во тенџере на средна температура, потоа додадете го брашното и мешајте додека смесата не стане мазна. Потоа полека додадете го млекото, мешајќи постојано, за да нема грутки.Додадете половина од ренданото сирење и промешајте,зачинете со сол, бибер и мускатно оревче,тргнете од оган и додадете го јајцето.Измешајте ги тестенините со сосот и наросете со остатокот од сирењето. Печете го јадењето околу 25 минути.