
Природен штит против вируси.
Имунитетот е клучот за здравјето, особено во студените зимски месеци кога сме изложени на вируси и настинки. Овој традиционален народен мелем направен од само две состојки, суви смокви и маслиново масло, докажано помага во зајакнувањето на одбраната на телото. Богат е со антиоксиданси, минерали како калциум и калиум, и има позитивен ефект врз срцето, крвните садови, варењето и метаболизмот.
Како да подготвите народен мелем за имунитет?
Сè што ви треба е:
- 20 суви смокви исечени на половина
- Маслиново масло (доволно за да ги покрие смоквите за околу 1 см)
Ставете ги смоквите во тегла, прелијте ги со маслиново масло за да ги покрие, затворете ја теглата и оставете ги во фрижидер 40 дена. По тој период, секое утро, 10 минути пред појадок, јадете половина смоква и една лажица масло. Овој мелем се препорачува да се пие до три пати годишно за оптимална заштита и зајакнување на имунитетот.
Како делува овој природен мелем?
- Го зајакнува имунолошкиот систем природно и без хемикалии
- Помага за подобро варење и го забрзува метаболизмот
- Ги штити срцето и крвните садови.