
Ќе ви треба:
1 кг компир
1 средно голем виолетов кромид
1 лажичка сенф
100 мл вода
1 лажица јаболков оцет
3 лажици сончогледово масло
свежо мелен пипер по вкус
½ лажичка сол
1 лажица сечкан магдонос
Подготовка:
Добро измијте ги компирите и варете ги половина час во тенџере со ладна вода. Потоа излупете ги и исечете ги на парчиња. Наредете ги компирите во сад и додадете го сечканиот кромид. Одделно измешајте го сенфот, оцетот, водата и маслото и прелијте ги компирите. Добро измешајте и оставете да отстои најмалку еден час за да се соединат вкусовите. Потоа додадете го сечканиот магдонос, а потоа зачинете ја салатата со сол и бибер.