
Холивудската икона Џоан Колинс донесе гламур на црвениот тепих за време на церемонијата на отворање на 79-от филмски фестивал во Кан во Palais des Festivals во вторник вечерта.
Џоан, која има 92 години, блескаше во бел фустан што го комбинираше со дијамантски ѓердан и црни ракавици. Фустанот е инспириран од орхидеи и е дизајниран од Стефан Ролан.

Актерката позираше на црвениот тепих со францускиот актер Лоран Лафит.
Овогодинешниот фестивал се отвора со францускиот филм La Vénus Électrique („The Electric Kiss“), во режија на Пјер Салвадори.
Претседател на жирито оваа година е Парк Чан-вук, познат по филмови како „Oldboy“. Во жирито се и големи имиња како Деми Мур, Клое Жао, Стелан Скарсгард и Рут Нега. Тие ќе го одлучат победникот на Златната палма, главната награда на фестивалот.

Покрај Колинс, посебно внимание вечерва привлекоа и Деми Мур, Хајди Клум, Џејн Фонда и Маура Хигинс.
Кан останува едно од најважните места за филмска мода и гламур, но организаторите одржуваа построги кодекси за облекување – забранети се целосно транспарентни фустани, преголеми велови и претерано екстравагантни облеки што го отежнуваат движењето по тепихот.
