
Папата Лео привлече внимание со своите модни избори. Имено, во трејлерот за документарниот филм „Лео во Рим“ („Leone a Roma“) од Vatican News, тој се појави во патики Nike, а потоа следуваа реакции на социјалните мрежи.
Многу корисници на X, особено членови на генерацијата Z, го пофалија неговиот моден избор и изјавија дека тој јасно ги следи модните трендови.
„Кој вели дека папата не може да биде кул?“, „Паоло Сорентино никогаш не можел да замисли нешто вакво“, „Човек може да го напушти Чикаго, но Чикаго никогаш не го напушта човекот“, се некои од коментарите.
Ова е постара фотографија, а трејлерот за гореспоменатиот документарец можете да го погледнете тука.
„Лео во Рим“ е нов документарец од ватиканските медиуми кој ги следи речиси двете децении што ги поминал во Рим пред да стане папа.
Снимен по повод првата годишнина од неговиот понтификат, филмот собира сведоштва, фотографии и лични спомени на неговите пријатели, браќа, свештеници и семејство кои го придружувале во различни фази од неговиот живот.