
Ако вашата храна не се готви рамномерно, виновникот можеби не е рецептот, туку положбата на решетката во рерната. Каде ја ставате храната во рерната е поважно отколку што мислат повеќето луѓе.
Имено, топлината не е рамномерно распределена во рерната, а знаењето како да се користи секое ниво на решетката може да го претвори доброто јадење во одлично.
Повеќето апарати имаат два извори на топлина, еден на дното и еден на врвот. Топлиот воздух се крева, што значи дека горниот дел од рерната е потопол и обезбедува подиректна топлина одозгора. Средната решетка добива поизбалансирана и рамномерна топлина.
Горна решетка
Горната решетка на рерната е идеално место кога сакате храната брзо да порумени или да развие кора. Таа е најблиску до скарата, па затоа е идеална за топење сирење, пржење стекови или риба и добивање златна кора на колачи или мафини во последните неколку минути. Сепак, бидете внимателни бидејќи храната може брзо да изгори тука.
Средна решетка
Сметајте го ова како стандардна положба на решетката. Ова е местото каде што ќе добиете најрамномерно готвење бидејќи топлината рамномерно циркулира околу вашата храна. Користете ја оваа решетка за: колачи и јадења како мусака. Секогаш печете на средната решетка освен ако рецептот не наведува поинаку.
Долна решетка
Долната решетка ве става најблиску до долниот греен елемент, што обезбедува интензивен наплив на топлина одоздола. Ова е совршено за крцкави кори за пица, печење зеленчук за карамелизирани рабови и пити.
Внимавајте да не ја препечете долната кора и користете плех за печење или фолија доколку е потребно.
Кога да ја поместувате храната за време на печењето
Некои рецепти имаат корист од менување на позициите на решетките за време на печењето.
Лазањите најдобро се печат на средната решетка, а потоа се преместуваат на горната решетка околу пет минути за да се зарумени кашкавалот. Ако печете два листа колачиња истовремено, заменете ги на половина од времето за рамномерни резултати.
За пилешко, започнете на долната решетка, а потоа поместете ја нагоре за да добиете крцкава кора.
Специјални случаи: конвекциски печки
Конвекциските печки користат вентилатор за циркулација на топол воздух, што ги изедначува температурните разлики. Ова значи дека положбата на решетките е малку помалку важна, но сепак ќе видите суптилни разлики.
Горната решетка во конвекција е сè уште најдобра за пржење. Средната решетка е одлична за рамномерно готвење, додека долната решетка додава дополнителна крцкавост.