ПОМФРИТ БЕЗ КАПКА МАСЛО: Не ја расипува диетата, а вкусот не заостанува ни малку

popara1 јануари, 20261min00
shutterstock_2690881531

Ќе ви треба:

· 500 г компири
· 2 белки
· зачини по вкус
· хартија за печење

Подготовка:

Измијте ги компирите, излупете ги и исечете ги на тенки стапчиња. Изматете ги белките со вилушка, која можете да ја посолите или да додадете зачини по ваш вкус. Прво потопете ги компирите во белките, а потоа наредете ги на хартија за печење. Печете го помфритот подготвен на овој начин во претходно загреана рерна на 220 степени додека не порумени.