Портокалово маче стана интернет сензација: Споредена е со цртани ликови – хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

popara18 август, 20262min00
1413151_macka-kombo_m

Видео од него како седи на кауч привлече големо внимание на социјалните мрежи, а корисниците брзо го споредуваат со Мачорот во чизми, Гарфилд и Ерик Картман.

Портокаловото маче од раса шкотски фолд стана интернет сензација поради неговата необична сличност со неколку познати ликови од цртаните филмови.

Сопственикот на мачката сподели видео од своето милениче Алберт на TikTok.

Видеото го прикажува Алберт како седи исправено на кауч и ја врти главата кон камерата, а неговите големи тркалезни очи и свиткани уши, карактеристични за расата, се особено забележливи.

„Секогаш се осигурува дека го гледам“, напиша тој покрај видеото.

Коментарите не изостанаа.

„Дајте му чизми и шапка веднаш“, напиша еден корисник.

Други го споредија со Ерик Картман од серијата „South Park“ поради неговото тркалезно тело.

  • Мислев дека ова е најава за нов филм за Гарфилд – се пошегува еден корисник.