
Состојки:
4 шолји (приближно 700 г) ситно изрендана свежа тиква
4 шолји брашно
2 шолји кафеав шеќер
4 дл масло (сончогледово или благо маслиново масло)
2 полни лажички сода бикарбона
2 полни раце сечкани ореви (претходно благо пропржени)
2 раце сечкани урми (без семки)
Зачини по вкус: цимет, каранфилче или мелен ѓумбир
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C. Измешајте ги изренданата тиква, шеќерот и маслото, оставајќи ја тиквата да го пушти својот сок. Додадете го брашното – претходно измешано со содата бикарбона и зачините – и сè добро соединете со помош на дрвена лажица. На крај, додадете ги сечканите ореви и урмите. Смесата ставете ја во намастен и набрашнет калап за печење и печете на 180°C околу 45 до 50 минути.