
Родољуб Анастасов, доајен на македонското сликарство и професор од првата генерација професори на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ), почина вчера во Скопје на 91-годишна возраст, соопшти денес Фондацијата посветена на неговото дело.
- Вчера почина големиот професор, сликар и бескраен трагач по одговори за човекот, времето и просторот – Родољуб Анастасов – соопшти Фондацијата.
Анастасов е еден од најзначајните сликари во современата македонска уметност. Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вклучи меѓу 500-те најголеми генијалци на светот во 21 век.
Анастасов беше ученик на Лазар Личеноски, Димитар Пандилов и Васил Коџоман, а во 1962 година дипломираше на Академијата за уметности во Белград.
Во 2011 година, Анастасов донираше колекција од 389 дела на Градскиот музеј во Градот Скопјe.
Од 1963 до 1965 година, беше затворен на “Голи Оток” како политички осуденик за вербален навреда, поради несогласување со ставовите за апстрактната уметност на југословенскиот лидер Јосип Броз-Тито. По враќањето во Скопјe, почна да работи во областа на нефигуративната уметност. Од 1980 година до пензионирањето, бил професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје.
Во 2011 година, Анастасов донираше колекција од 389 дела на Музејот на град Скопјe, а музејот една од своите галерии ја именуваше „Јустина и Родољуб Анастасов“, каде што секоја година се одржува изложба од таа колекција, која самиот тој често ја посетуваше.
Последната изложба на Анастасов со нови дела се одржа во Музејот на град Скопјe во јули 2023 година, насловена „Визии – Глава полна со луѓе“, со повеќе од 200 портрети создадени помеѓу 2016–2022 година.
Минатиот февруари, во чест на неговиот 90-ти роденден, се отвори изложбата „Сите деца на Родољуб Анастасов“, на која беа претставени дела од 42 уметници кои биле студенти на неговите часови по сликарство на Факултетот за ликовни уметности (1980–2000).
- Анастасов, покрај тоа што ѝ подари на својата Македонија речиси 500 дела од неговиот непроценлив сликарски опус, што е одраз на неговиот голем патриотизам, сметаше дека неговиот најголем придонес кон општеството е тоа што со својата смирена и ненаметлива сензибилност, скриена зад навидум намќорест и тивок израз, но исполнета со бескрајна љубов и грижа за „другиот“, успеа да обезбеди трајно место во срцата на своите студенти од Факултетот за применета уметност (1968) и Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопјe (1980–2000), каде што предаваше цртање и сликарство на додипломски и постдипломски студии – изјавија авторите на изложбата, Јасминка Намичева и Екатерина Намичева Тодоровска.
Родољуб Анастасов ќе биде погребан на 6 април на Градските гробишта Бутел.