
Многу луѓе не веруваат дека актерката има 45 години.
Актерката Џесика Алба денес го слави својот 45-ти роденден. Многумина не можат да поверуваат со оглед на тоа што изгледа многу помлада.
Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, на почетокот на 2025 година, таа шокираше многумина кога потврди дека се разведува од Кеш Ворен по 20 години љубов.

„Со години сум на патување на самооткривање и трансформација – и како индивидуа и во партнерство со Кеш. Горда сум на начинот на кој растевме во нашиот брак во последните 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје од раст и развој како поединци. Ајде да продолжиме напред со љубов, љубезност и почит еден кон друг и секогаш ќе останеме семејство. Нашите деца остануваат наш највисок приоритет и во овој момент бараме приватност“, напиша таа на Инстаграм.
Двојката се запознала во 2004 година на снимањето на филмот „Фантастична четворка“, кога тој бил продуцент. Нивното пријателство брзо прераснало во врска. Тие се венчале во 2008 година и имаат три деца – ќерките Онор Мери Ворен и Хејвен Гарнер Ворен, и синот Хејз Ворен.
Но, се чини дека на фаталната жена не ѝ требаше долго време да го преболи својот сопруг. Неодамна ја потврди својата врска со актерот Дени Рамирез (33), кој е 12 години помлад од неа.

Ниту поранешниот сопруг на Џесика, Кеш, не тагуваше долго. Минатото лето, тој ја потврди својата врска со манекенката Хана Сан Доер, 21 година помлада од него.