
Летото исто така значи дека тиквичките се насекаде, а ако ви е здодевно да ги пржите или немате идеја како да ги подготвите – обидете се да направите пржени плескавици од тиквички.
Состојки:
- 2 мали тиквички
- 1 јајце
- 2 лажици полента
- малку прашок за пециво
- рендано сирење
- моцарела
- млад кромид и свеж магдонос
- пармезан и зачини по избор
- малку масло
- сусам за посипување
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги неколку минути. Потоа исцедете ги со раце или низ крпа додека не се отстрани последната капка вода.
Додадете го јајцето, сирењето, сечканиот млад кромид и магдоносот во исцедените тиквички. Додадете ја полентата, брашното и прашокот за пециво и добро измешајте. На крај, додадете ги зачините и малку масло.
Обликувајте ги крофните со раце и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Посипете со сусам и печете во рерна на 180 степени околу 15 минути додека не поруменат.
Сервирајте со јогурт или павлака.