
Драмата помеѓу Зендаја и Сидни Свини го потресува Холивуд.
Сите нивни колеги зујат за љубовниот триаголник и борбата меѓу двете колешки и нивниот поранешен пријател. Тие дури и не зборуваат повеќе, а сето тоа поради еден маж!
На премиерата на третата сезона од серијата „Еуфорија“ во Лос Анџелес, сите забележаа едно нешто – Зендаја и Сидни Свини се однесуваа како да не се познаваат! Иако порано беа блиски колеги, цела вечер се избегнуваа и немаа никаков контакт.
Според странските медиуми, тензијата меѓу нив трае веќе долго време, а за време на снимањето и промоцијата на новата сезона едвај комуницираа, освен кога мораа поради работа, а сите знаат дека беа пријатели. Дури и интервјуата беа организирани за да не се сретнат двајцата. А причината е нивниот колега.

Ни помалку ни повеќе, тоа е Том Холанд, момчето на Зендаја! Дури има и гласини дека тајно се венчале. Според извори блиски до овој триаголник, Сидни Свини отворено флертувала со него секој пат кога се среќавале. Секако, на Зендаја тоа не ѝ се допаѓало, а на која девојка би ѝ се допаднало! И така Зендаја се налутила на својата пријателка и колешка Сидни Свини. Тие повеќе не се дружат приватно, се гледаат само на снимање кога мораат.

Обожавателите дополнително се сомневаа дека нешто не е во ред кога Сидни не се појави на заедничка промотивна фотографија од целата екипа.
