
Одлично пред или по тренинг.
Ќе ви треба:
- 1 кг компири
- 2 конзерви туна
- црни маслинки без семки
- 2 млади кромиди
- 1 лажичка сенф
- 1 лимон
- 3 лажици маслиново масло
- сол, бибер
- неколку гранчиња свеж магдонос
- една китка копар
Подготовка:
Измијте ги компирите и варете ги со лушпа околу половина час, додека не омекнат. Потоа исплакнете ги со ладна вода и прелијте ги со сок од лимон. Потоа излупете ги и исечете ги на прстени со еднаква дебелина. Излупете го кромидот, потоа исечете го на прстени и додадете го во компирите. Добро измешајте сè. Додадете го сенфот, маслото, солта, биберот и сечканиот копар и прелијте ги компирите. Потоа протресете го садот и оставете ја салатата да отстои еден час. Потоа додадете ја туната и маслинките и наросете со сечкан магдонос.