„Секогаш сум подготвена за тоа“: Актерката шокираше со изјава за интимните сцени

popara14 октомври, 20266min00
dakota01_ap_chris_pizzello_1 (1)

Дакота Џонсон ја откри вистината за интимните сцени.

Актерката Дакота Џонсон, која публиката ширум светот ја памети по улогата во филмот „Педесет нијанси сиво“, отворено зборуваше за снимањето интимни сцени и откри колку е различно она што се случува зад камерата од она што го гледаме на големото платно.

Во гостувањето во подкастот „Good Hang“ на Ејми Полер, додека го промовираше филмот „Материјалистите“, актерката зборуваше за своето искуство на снимањето на филмот, подготовката за тешки сцени и важноста на грижата за сопственото тело.

Кога ја прашале како се подготвува за снимање интимни сцени, Дакота Џонсон прво одговорила во својот духовит стил, шегувајќи се дека не ѝ е потребна посебна подготовка бидејќи „секогаш е расположена за секс“.

Сепак, разговорот набрзо доби посериозен тон кога таа објасни како навистина изгледаат ваквите сцени во пракса.

Дакота откри дека неодамна за прв пат работела со координатор за интимност и дека искуството било многу позитивно. Овој професионален асистент им помага на актерите и на продукцијата да имаат внимателно осмислени интимни сцени , со јасно договорени граници и почитување на сите учесници.

Актерката објасни дека снимањето на вакви сцени има малку врска со заводливата атмосфера што публиката ја гледа на екранот. Иако сцените во финалниот филм може да изгледаат спонтани и страсни, на снимањето многу повеќе внимание се посветува на деталите, движењето, кадрите и самата глума.

Покрај психолошката подготовка за улогата, Дакота истакна дека е важно да се чувствува удобно во сопственото тело, особено кога снима сцени во кои го покажува тоа пред камерите.

Како што вели самата, во ова многу ѝ помогнало воспитувањето, особено ставот што нејзината мајка, актерката Мелани Грифит, го имала кон телото и сексуалноста.

„Мајка ми ме воспита да бидам горда на своето тело и да го сакам“, рекла актерката, додавајќи дека таков пристап многу ѝ значел во текот на целата нејзина кариера.

Дакота верува дека токму тоа ѝ помогнало да се чувствува посигурно во работата што често вклучува изложеност на камери и снимање сцени што бараат посебен вид доверба.

Нејзиното искрено искуство уште еднаш потсетува дека она што изгледа спонтано и заводливо на екранот честопати бара многу согласност, подготовка и професионализам зад камерата.