Сите гледаа во нејзиниот божествен фустан: Пенелопе Круз блесна на црвениот тепих

popara16 септември, 20261min00
penelope_nova3_epa_juan_herrero

Пенелопе Круз во бело издание.

Пенелопе Круз беше меѓу главните ѕвезди на премиерата на „La Bola Negra“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што привлече внимание со стилско модно издание.

Шпанската актерка се појави во прекрасна бела облека . Фустанот беше долг до подот, без ракави, со гол грб и украсен со специјални пердуви што се протегаа преку рамената.

Комбинацијата ја надополни со златна огрлица, додека косата ја собра во елегантна пунџа.

По Венецискиот фестивал, Пенелопе Круз пристигна во Торонто со својот сопруг, за да претстави дури два нови филма, „La Bola Negra“ и психолошкиот трилер „Bunker“.

Во филмот „La Bola Negra“, Пенелопе Круз има споредна улога.