
Ѕвездата од серијата „Пријатели“ ја покажа својата фигура во бикини.
Кортни Кокс покажа завидна фигура за време на одморот на Хаваи. Познатата актерка, која го прослави својот 62-ри роденден во јуни, уживаше во радостите на морето и уште еднаш докажа дека годините се само бројка за неа.
Папараците ја снимиле на плажа на хавајскиот остров Ланаи, каде што привлече внимание со својот изглед. Во едноставно црно бикини, таа ја истакна својата витка линија и затегната фигура, а косата ја врза во опавче.
Актерката пристигна на Хаваи по повод раскошната свадба на дизајнерката на накит Џенифер Мејер и милијардерот Џеф Огунлеси, на која присуствуваа многу познати лица од Холивуд.
Courteney Cox, 62, shows off her incredible figure in a black bikini as she hits the beach with Kate Hudson, 47, in Hawaii ahead of A-list wedding https://t.co/hcWLoCL72P
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) October 13, 2026
Со текот на годините, Кортни отворено зборуваше за својот изглед и за козметичките процедури што ги имала. Едно време призна дека претерала со филери и дека решила да се врати на поприроден изглед. Денес, таа не крие дека е важно да се грижи за себе, а нејзината витка фигура покажува дека дури и во седмата деценија од животот одржува одлична форма.
Да потсетиме, Кокс ја стекна светската слава со улогата на Моника Гелер во легендарната серија „Пријатели“, која ѝ донесе милиони обожаватели низ целиот свет. Освен по таа улога, публиката ја памети и по филмската серија „Врисок“.