
Најдобро се служи со кафе или чај.
Ќе ви требаат:
300 г сливи
250 г брашно
3 јајца
180 г шеќер
120 г путер
150 мл јогурт
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванила
1 рендана кора од лимон
шеќер во прав
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад изматете ги јајцата со шеќерот. Потоа додадете го јогуртот и растопениот путер. Потоа додадете го брашното измешано со прашокот за пециво и кората од лимон. Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење, потоа распоредете ги сливите исечени на четвртини одозгора и нежно притиснете ги во тестото. Печете околу 45 минути. Потоа оставете да се олади и наросете со шеќер во прав. На крај, исечете го десертот на парчиња.