
Состојки:
1 јајце
200 мл млеко
20 г квасец
400 г брашно
50–100 г путер
Фил:
1 кг варени компири
50–100 г путер
100 мл млеко
Сол по вкус
200 г рендана моцарела
За премачкување:
Масло и 1 јајце
Подготовка:
Замесете тесто од јајцето, млекото, квасецот, брашното и путерот. Оставете го да нарасне. Сварете еден килограм компири. Додајте сол, путер и млеко, па испасирајте ги. Расукајте го тестото во плех за печење, врз него распоредете го пирето од компири, а одозгора ставете ја ренданата моцарела. Покријте со уште еден слој тесто, па премачкајте со јајце. Печете го лебот во претходно загреана рерна на 200°C, 30–35 минути.