
Едноставен рецепт за јапонски чизкејк за кој се потребни само две состојки ги освои социјалните мрежи, а неговиот вкус ќе ве воодушеви.
За да го подготвите, ќе ви треба пакетче грчки јогурт и неколку парчиња бисквити.
Ставете бисквити во грчкиот јогурт, затворете го и оставете го во фрижидер преку ноќ. Чизкејкот потоа е подготвен за јадење!
Многу блогери за храна и инфлуенсери го пробале овој рецепт и изјавиле дека се воодушевени. Видеата од нив како го подготвуваат овој десерт собраа милиони прегледи.
Видеото од профилот на Jerica Feasts досега е прегледано речиси шест милиони пати, а многу од нејзините следбеници велат дека овој чизкејк е хит.
„Овој рецепт функционираше и е навистина вкусен!“, „Никогаш не помислив дека ова може да биде добра комбинација“, „Феноменален вкус“, се некои од коментарите.