
Имате стар леб кој станал тврд и безвкусен, но пред да го фрлите, постои едноставен трик кој ќе го оживее за само неколку минути.
Лебот не е „скапан“, туку само ја изгубил влагата. За да го вратите во живот, само навлажнете го со вода, ставете го во претходно загреана рерна на 180-200°C и печете 5-7 минути. Ќе добиете крцкава кора и мека внатрешност, како штотуку да е излезена од пекара.
А ако сакате дополнителен супер ефект, заменете ја водата со млеко. На овој начин ќе добиете побогата арома и поубава, златна кора, која е идеална за слатки појадоци или топли сендвичи.
Овој трик е брз, лесен и речиси секогаш функционира, без оглед на видот леб.