Тестенините со фета сирење и чери домати се лесен, едноставен и хранлив оброк за секој ден.

popara5 август, 20261min00
b_260805036

Тестенините со домати и фета сирење ги освоија социјалните мрежи пред неколку години, а нивната популарност не ја изгубиле ни денес. Едноставната подготовка и богатиот вкус се причината зошто многу луѓе секогаш се враќаат на овој рецепт.

Идеален избор е за летен ручек бидејќи речиси сè се подготвува набрзина. Додека фета сирењето и доматите се печат во рерна, сè што треба да направите е да ги сварите тестенините, а резултатот е кремаст и вкусен оброк што ќе го обожава целото семејство.

Состојки:

  • 250 грама фета сирење
  • 500 грама чери домати
  • 300 грама тестенини по ваш избор
  • 50 милилитри маслиново масло
  • три чешниња лук
  • една лажичка сушен оригано
  • прстофат сол
  • по желба, можете да додадете половина лажичка сушен босилек и малку мелен црн пипер

Подготовка:

Ставете го фета сирењето во средината на тава за печење, а околу него наредете ги чери доматите. Додадете цел или грубо згмечен лук, прелијте со маслиново масло и наросете со оригано.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени 30 до 35 минути, или додека доматите не омекнат и не почнат да пукаат, а фетата да добие златно-кафеава боја.

Во меѓувреме, сварете ги тестенините според упатствата на пакувањето. Оставете околу 100 милилитри од водата за готвење.

Измешајте го печеното фета сирење и доматите со вилушка за да направите кремаст сос. Додадете ги сварените тестенини и, доколку е потребно, малку од задржаната вода за готвење за да го направите сосот уште посвилен. Добро измешајте сè и послужете.