
Ако размислувате да додадете ретинол, една од најмоќните состојки достапни за нега на кожата денес, во вашата рутина или веќе сте го пробале и сте имале лошо искуство, овој трик може да ви биде корисен.
Ретинолот е еден од најпопуларните производи за нега на кожа во последниве години, и со добра причина! Овој дериват на витамин А го оправдува својот углед како суперхерој на секоја ноќна рутина за нега на кожа бидејќи има голем број докажани придобивки.
Познато е дека ретинолот:
- Ги осветлува постоечките брчки,
- Спречува појава на нови,
- Спречува запушени пори,
- Може да ја осветли и омекне кожата,
- Ги намалува пегите и хиперпигментацијата,
- Ги осветлува лузните…
Сепак, со преосетлива кожа секогаш постои ризик од иритација, а многу луѓе се обесхрабруваат и целосно се откажуваат по едно лошо искуство со ретинол, кој мора да се воведе според одредени правила за да биде безбеден и да делува како што сакаме.

Трик за побезбедно користење на ретинол во негата на кожата
Сепак, неодамна на TikTok се шири метод за нанесување на ретинол кој може да ги ублажи неговите силни ефекти за да можете да го користите без грижи. Сè повеќе инфлуенсери за убавина тврдат дека е најдобро да се нанесува ретинол со малку хидратантна крема, со цел да се намали ризикот од несакани ефекти.
И дерматолозите сметаат дека е одлична идеја!
- Ако користите ретинол за прв пат или имате многу чувствителна кожа, тој првично може да предизвика лупење, црвенило и иритација. Нанесувањето слој хидратантна крема прво може да ги забави сите реакции – истакнува дерматологот д-р Раџане Захеди од компанијата Quality Healthcare LTD.
И не само тоа, туку вашата кожа би имала корист од нанесување на уште еден слој по ретинолот.

„Нанесувањето слој по ретинолот може да помогне во задржувањето на влагата и да се спречи сувоста поврзана со воведувањето на ретинол во вашата рутина“, вели таа.
Д-р Захеди им советува на луѓето со многу чувствителна кожа кои се фокусираат на заштита на бариерата на нивната кожа да го пробаат овој трик.