
Во ново интервју, Хари Стајлс откри како се појавил во толпата за време на изборот на папата Лав XIV.
Имено, Стајлс изјавил дека завршил во Рим од неочекувана причина, а за тоа зборувал за време на неговото гостување на BBC Radio 1, каде што го промовирал својот нов сингл.
Тој истакнал дека обожавателите го виделе на плоштадот Свети Петар во мај 2025 година, кога папата Лав XIV бил избран за наследник на починатиот папа Франциск.
„Се шишав во Рим. Одеднаш слушнав луѓе како велат: „Habemus papam. Habemus papam“. Беше лудо. Сите почнаа да трчаат по улицата. Фризерот застана на средина од шишањето и рече: „Habemus papam. Имаме нов папа. Брзо го завршив шишањето и решив да одам“, рекол Стајлс.
Водителот Грег Џејмс се пошегува дека Папата е единствената личност што може да „го украде светлото“ од Стајлс, на што тој одговорил: „Си размислував, кој го добива целото ова внимание?“
Интервјуто се случи откако Стајлс ја претстави песната „Aperture“, првиот сингл од неговиот претстоен албум „Kiss All The Time. Disco. Occasionally“, кој треба да излезе на 6 март.

Иако „Aperture“ е петминутна песна, Стајлс вели дека таа била последната што ја напишал.
„За мене беше неверојатно. Поголемиот дел од албумот беше веќе завршен и голем дел се занимаваше со темите што ги обработува оваа песна. Кога дојде до крајот, тогаш се чувствувавме најслободно и се забавувавме“, рече тој.