
Моделот привлекува внимание каде и да се појави.
Супермоделот и водителка, познатата Хајди Клум (52), привлекува внимание каде и да оди. Деновиве таа ужива на Канскиот филмски фестивал, каде што ги покажа своите луксузни комбинации, а нејзиното друштво го сочинуваат музичарот Том Каулиц (36) и нејзиниот син Хенри Самуел (20), кого го имаше во бракот со пејачот Сил.
Покрај црвениот тепих, Клум привлече внимание и на балконот од нејзината хотелска соба. Имено, пред неколку дена таа се сончаше таму топлес, уште еднаш покажувајќи дека за неа годините се само бројка. Сепак, тоа не значи дека ништо не се менува. Клум деновиве проговори и за менопаузата.
- Дојде толку ненадејно, практично преку ноќ. Не како брчките, кои се развиваат бавно – рече таа со смеа за RTL.de во Кан. Таа додаде и дека никогаш не била „толку жешка“.
Хајди Клум



- Порано бев навистина ладнокрвна, сега само се потам, и се потам, и се потам, и се потам! Обично секогаш ми е жешко. Во моментов се потам како луда! – рекла таа. За менопаузата, вели таа, сака отворено да зборува и смета дека споделувањето на своето искуство со други жени кои минуваат низ истото е многу важно.
- Мислам дека е навистина добро да се зборува за тоа, дека не сме сами – нагласи таа, додавајќи дека многу жени, кога ќе стигнат до менопауза, се прашуваат: „Дали ова е крајот?“
За неа е спротивното.
- Не, не мислам дека сè ќе тргне надолу. Нашите тела едноставно се менуваат одвнатре – рекла таа.