
Со само три основни состојки, може да направите лесен, кремаст и вкусен чизкејк кој не содржи брашно или дополнителни засладувачи.
Веројатно веќе имате сè што ви треба во вашата кујна, зрели банани, јајца и грчки јогурт.
Овие три компоненти ја прават совршената комбинација, бананите обезбедуваат природна сладост, јогуртот придонесува за фина, мазна текстура, додека јајцата ја врзуваат смесата и ѝ даваат цврстина.
Оваа торта е одличен избор за секој што сака поздрава верзија на слатки без комплицирана подготовка. Брзо се прави, не бара посебни кулинарски вештини и е идеална кога копнеете по нешто благо, но не сакате да претерувате со шеќер.
Состојки:
🔷2 зрели банани
🔷2 големи јајца
🔷1 чаша грчки јогурт
Подготовка:
Излупете ги бананите и ставете ги во блендер. Додадете ги јајцата и јогуртот и блендирајте сè заедно додека не добиете мазна смеса без грутки.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Лесно премачкајте го помалиот калап со масло, истурете ја смесата и израмнете го.
Печете околу 35 до 40 минути, додека колачот не се стврдне и не добие малку златна боја одозгора. После тоа, оставете го да се олади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер неколку часа за дополнително да се стврдне.
Најдобро е да се служи ладен, а по желба, можете да го надополните со свежо овошје, јаткасти плодови или малку цимет за дополнителна арома.