Чоколадни тартуфи за совршена слава: Залаци што се топат во уста

popara12 ноември, 20261min00
Чоколадни бомбици

Едноставните задоволства во залак, направени од мелени бисквити, се совршени за секаква прослава, како и за обичните денови кога ви се јаде нешто слатко.

Состојки:

  • 500 г мелени бисквити
  • 1 шолја топло млеко
  • 1/2 шолја шеќер
  • 125 г маргарин
  • 250 г темно чоколадо за готвење
  • Сок од половина портокал

Подготовка:

Ставете ги мелените бисквити во сад, додајте ги млекото, маргаринот, шеќерот и сокот од портокал, па добро измешајте. Потоа, додајте го растопеното чоколадо и мешајте додека сè убаво не се соедини. Од добиената смеса обликувајте мали топчиња. На крај, потопете ги во растопено чоколадо и посипете ги со украсни трошки.