Што се случи со неа? Сите зборуваат за подуените образи и коскените нозе на Адријана Лима

popara1 октомври, 20261min00
adriana-profimedia-1099954544

Новата фотографија на Адријана Лима предизвика бура.

Моделот Адријана Лима повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со појавувањето на настан за време на Неделата на модата во Париз.

Поранешниот ангел на Викторија се појави во впечатлив црн ансамбл, широка кожна јакна која ја носеше како фустан, со широк ремен и високи чизми.

Сепак, повеќе од самиот стајлинг, вниманието го привлекоа нејзините тенки нозе и вдлабнати образи. Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, каде што следеа бројни коментари.

Додека некои корисници изразија загриженост за нејзиниот изглед, други почнаа да шпекулираат дека ослабела со помош на „оземпик“, па претерала и сега има премногу слаби нозе и таканаречено „оземпик“ лице. Сепак, нема потврда за ваквите тврдења.

Јавноста интензивно со години зборува за изгледот на Адријана Лима. По раѓањето на нејзиното трето дете во 2022 година, таа се соочи со бројни коментари затоа што се здебелила и не ослабела брзо по породувањето, а подоцна често споделуваше видеа од тренинг и фотографии од оброци, па ја врати линијата на старата, а богами и на нејзиното лице..

Нејзините појавувања на големи модни настани, вклучувајќи го и нејзиното враќање на пистата на „Викторијас сикрет“ минатата година, ја вратија во центарот на вниманието.