
Мирисна, мека и сочна, за вистински гурмани
Ќе ви требаат:
4 големи јаболка
50 г ореви или бадеми (исечкани)
3 лажици мед
1 лажичка цимет
1 лажица суво грозје или брусница (по желба)
малку путер за прелив
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Отстранете ја јадрото и семките од јаболката, но внимавајте дното да не е прободено. Во сад измешајте ги оревите, медот, циметот и сувото грозје. Наполнете ги јаболката со подготвената смеса. Намачкајте малку путер одозгора.
Наредете ги јаболката на плех обложен со хартија за печење. Печете од 25 минути до половина час во рерна претходно загреана на 180 степени.