
Во својата нова документарна серија, „Melania: The Series“, првата дама на Соединетите Држави отворено зборуваше за односот со нејзиниот 20-годишен син Барон, за советите што му ги дава во врска со љубовните односи, како и за тоа зошто често го потсетува дека има „многу кул мајка“.
Меланија и Доналд Трамп, кои се во брак од 2005 година, го имаат 20-годишниот син Барон. Во новата документарна серија „Melania: The Series“, првата дама неодамна откри дека му дала конкретно предупредување во врска со состанувањето и љубовните врски.
Како што пренесува Page Six, таа сподели дека постојано му вели „да биде внимателен“, додавајќи:
„Секогаш велам дека надвор постои опасен свет“.
Непоколеблива поддршка и хумор на сопствена сметка
Иако го советува да биде претпазлив, Меланија нагласи дека ќе му пружи непоколеблива поддршка на Барон во сите животни ситуации.
„Секогаш ќе бидам покрај него. Имаме многу отворена комуникација за животот. Секогаш ќе бидам тука за него. Сум била, и секогаш ќе бидам. Тој знае дека е мој приоритет и дека секогаш ќе биде“, рече таа. Во серијата, таа се пошегува и на своја сметка, тврдејќи дека е „многу кул мајка“ – нешто за што често го потсетува Барон.
Мистериозен љубовен живот и затворање на еден кат во „Трамп тауер“
Малку се знае во јавноста за љубовниот живот на синот на американскиот претседател. Барон моментално е студент на трета година на бизнис-школата Стерн при Универзитетот во Њујорк и никогаш јавно не зборувал за своите љубовни врски.

Сепак, како што објави Page Six во 2025 година, тој еднаш затворил цел кат во Trump Tower во Њујорк за состанок; извори тогаш наведоа дека средбата била организирана во објектот исклучиво од безбедносни причини.
„Тој има неверојатен ум“
Вреди да се напомене дека првата дама на Соединетите Држави, исто така, откри детали за личноста на Барон во својот прв филм, Меланија. Таа го опиша како „многу самоуверен“ и ја истакна неговата желба сам да го трасира својот пат. Во една сцена – снимена додека се возела во автомобил со претседателот Трамп – таа забележа дека нивниот син поседува „неверојатен ум“, додавајќи го искреното признание: „Го сакам“.