Ќе ги гледате приказните на другите луѓе, а никој нема да знае: Инстаграм развива тајна функција што предизвикува загриженост

popara23 октомври, 20261min00
1249711_shutterstock-2620925129_m (2)

Instagram интерно развива потенцијална нова функција која би можела да отвори можност за злоупотреба.

Истражувачот на апликации и експерт за обратен инженеринг, Алесандро Палуци, откри на социјалната мрежа X дека Instagram работи на read-only mode – поставка која им овозможува на корисниците да разгледуваат содржина, но ништо повеќе од тоа.

Според споделените слики од екранот, оваа опција им овозможува на корисниците пристап до платформата, но без можност за лајкување објави, коментирање, испраќање пораки, следење други корисници или гледање „Приказни“ (Stories).

Ова би им овозможило на корисниците да разгледуваат содржина на Instagram без да остават видлива трага за тоа што го гледале.

Врз основа на споделените слики од екранот, се чини дека оваа функција е наменета за претплатниците на „Instagram Plus“.

Портпарол на Instagram изјави за Engadget дека „режимот само за читање“ е „исклучиво интерен концепт што се разгледува и воопшто не се тестира надвор од компанијата“.

Тоа значи дека оваа функција е сè уште далеку од официјално лансирање – доколку воопшто некогаш се случи. Технолошките платформи често експериментираат со нови функции кои на крајот никогаш не стануваат достапни за корисниците.

Сепак, останува нејасно дали компанијата ја зема предвид можноста дека ваквиот начин на користење на Instagram – кој овозможува разгледување содржина без оставање вообичаени траги од активноста – би можел да биде злоупотребен за демнење (stalking) или други недозволени активности.