
Таа приреди вистински спектакл.
Џенифер Лопез уште еднаш го потврди својот статус на една од најголемите светски музички и филмски ѕвезди. По значајниот престој на Сицилија, пејачката блесна на настанот на модната куќа „Долче и Габана“, каде што ја освои публиката со својот настап и модна колекција.
Овој пат, таа не беше во улога на гостин, туку се качи на сцената и приреди вистински спектакл. За својот настап, таа избра атрактивно црно боди од чипка со јаже на половина, кое го надополни со впечатливи златни ланци и гламурозни додатоци.
Нејзиниот впечатлив моден изглед го создадоа стилистите Роб Зангарди и Мариел Хен, кои внимателно ја одбраа комбинацијата за дополнително да го нагласат нејзиниот препознатлив стил.
Изведувајќи го својот голем хит „Let’s Get Loud“, Џенифер ја крена атмосферата на трескавично ниво. Снимките и фотографиите од настапот брзо ги преплавија социјалните мрежи, каде што продолжуваат масовно да се споделуваат и да го привлекуваат вниманието на бројни обожаватели.