
Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере друго име како Apple Ring или нешто слично.
Во моментов не се познати други детали, но се тврди дека проектот е веќе во развој.
Неодамна се шпекулираше дека Apple работи на паметни очила, приврзок и AirPods Pro со AI камери, па затоа компанијата е очигледно заинтересирана за проширување на својата палета на паметни носиви уреди.
Со својот паметен прстен, компанијата ќе влезе на пазарот каде што ќе се натпреварува со Samsung Galaxy Ring, Oura Ring 5 и Ultrahuman Ring Air.