
Најпознатиот јутјубер во светот, MrBeast, стана првиот креатор на содржини во историјата кој надмина 500 милиони претплатници на својот YouTube канал.
Веста ја објави извршниот директор на YouTube, Нил Мохан, кој му честиташе на MrBeast за ова рекордно достигнување на социјалните медиуми, нагласувајќи дека ова е историски момент за дигиталната индустрија и креаторите на содржини низ целиот свет.
„Ова достигнување покажува што е можно кога креаторот има слобода да ја следи својата креативност и да остане автентичен. Џими е неверојатен иноватор и ние сме горди што сме дел од неговото патување“, рече Мохан.
MrBeast, чие вистинско име е Џими Доналдсон, доминираше на YouTube сцената во последните години благодарение на спектакуларните предизвици, хуманитарните проекти и видеата со интензивна продукција кои редовно привлекуваат десетици милиони прегледи.
Бројката од 500 милиони претплатници претставува нов рекорд на платформата и дополнително го потврдува статусот на MrBeast како највлијателен индивидуален креатор на содржини во светот. Неговото достигнување се смета за едно од најголемите во историјата на дигиталните медиуми и социјалните мрежи.