Samsung ја исклучува добро познатата апликација: Ја користеле 50 милиони луѓе – корисниците се разочарани

popara17 јуни, 20261min00
1376072_shutterstock-2489131291_m

Samsung одлучи да ја затвори својата услуга Samsung Max, апликација за приватност и заштеда на податоци што ја користат повеќе од 50 милиони луѓе ширум светот.

Samsung Max се појави во 2018 година како наследник на некогаш популарната апликација Opera Max.

Откако Opera го отфрли проектот, Samsung ја презеде технологијата, ја адаптираше на своите уреди и ја интегрираше во екосистемот Galaxy преку нов дизајн и дополнителни функции.

Апликацијата им овозможи на корисниците да го намалат користењето на интернет со компресирање на содржини како фотографии и видеа, да ја контролираат употребата на апликациите во позадина, да го оптимизираат вчитувањето на страниците и да ги заштитат податоците при користење на јавен Wi-Fi.

Исто така, нудеше блокирање на одредени системи за следење и дополнително ниво на безбедност преку енкрипција на интернет сообраќајот.

Исклучувањето на Samsung Max е само уште еден во низата потези на компанијата за прекинување на своите постари услуги. Неодамна беше објавено и повлекувањето на апликацијата Samsung Messages, што ќе принуди голем број корисници да се префрлат на Google Messages.

Промените нема да влијаат на сопствениците на постари телефони што работат со Android 11 или постари верзии на системот. Samsung верува дека корисниците ќе најдат доволно причини да се префрлат на Google Messages, вклучувајќи заштита од измами базирана на вештачка интелигенција, паметни одговори генерирани од AI технологија, посовремени опции за кореспонденција и поддршка за стандардот RCS, што овозможува подобро споделување фотографии и видеа помеѓу Android и iPhone уреди.

Дополнително, Google Messages нуди синхронизација на пораки помеѓу телефони, таблети и паметни часовници, како и можност за закажување пораки, автоматско сортирање на разговори и напредна организација на содржината.