Аманда Сејфрид во фустан како од бајка на црвениот тепих на Берлинале: Актерката блесна на премиерата на филмот

popara20 февруари, 20261min00
260220014.5_xxl

Американската актерка Аманда Сејфрид блескаше во бајковита тоалета на премиерата на филмот „The Testament of Ann Lee“ од Мона Фастволд на 76-от Меѓународен филмски фестивал во Берлин, познат како Берлинале.

Таа позираше на црвениот тепих во беж фустан украсен со златни детали. Својот изглед го комплетираше со фризура со кадрици, впечатлива шминка и ѓердан.

На црвениот тепих ѝ се придружија нејзините колешки Виола Претџон и Мона Фастволд. Филмот ја раскажува приказната за Ен Ли, основач на движењето Шејкер, која нејзините следбеници ја прогласија за женски Исус. Филмот го прикажува нејзиното воспоставување на утописко општество.

Аманда Сејфрид ја има главната улога. На прес-конференција на Берлинале, таа зборуваше за тоа зошто решила да ја прифати понудата да глуми во филмот.

„Размислував за што вреди да ги оставам моите деца и што би ми дало, како уметник, можност да се покажам и да научам нешто за себе. Овој проект е квалитетен во секој поглед, а она што го дефинирам како квалитет е јасна визија, не мора да биде порака, туку истражување на нечиј живот преку кинематографски проповеди“, рече таа.

Оваа година, таа беше номинирана за Златен глобус и наградите „Critics Choice Awards“ за филмот „The Testament of Ann Lee“, што алудира на можна номинација за Оскар.