
Дали косата ви паѓа, слаба е или бавно расте? Возраста и генетиката секако се клучни за тоа, но некако и начинот на исхрана не е занемарлив.
Недостатокот на хранливи материи, вклучувајќи витамини А, Ц, Д и Е, цинк, витамини од комплексот Б, железо, може да го забави растот на косата или дури и да предизвика опаѓање на косата.
Урамнотежената исхрана, која е богата со овие витамини и минерали, може да го поттикне растот на косата, особено ако опаѓањето е предизвикано од лоша исхрана.
Исто така, консумирањето на соодветна количина на протеини е важно за растот на косата, бидејќи фоликулите на косата се составени претежно од протеини. Докажано е дека недостатокот на протеини во исхраната го поттикнува опаѓањето на косата.
Еве некои од најдобрите намирници за раст на косата.
Јајца
Јајцата се одличен извор на протеини и биотин, кои се важни за здравјето и растот на косата. Тие се исто така одличен извор на цинк и селен, што ги прави една од најдобрите намирници за оптимално здравје на косата.
Бобинки
Бобинките се полни со соединенија како антиоксиданси и витамини кои можат да го поддржат растот на косата. Јагодите се богати со витамин Ц, кој помага во производството на колаген и апсорпцијата на железо, што може да го поттикне растот на косата.
Антиоксидансите можат да помогнат во заштитата на фоликулите на косата од оштетување предизвикано од слободните радикали.
Спанаќ
Спанаќот е полн со фолна киселина, железо и витамини А и Ц, кои се важни за растот на косата. Недостатокот на овие хранливи материи може да доведе до опаѓање на косата.
Масна риба
Масните риби како што се лососот, харингата и скушата се одлични извори на омега-3 масни киселини, кои можат да помогнат во растот и густината на косата.
Масната риба е исто така еден од ретките извори на витамин Д, кој може да биде важен за растот на косата.
Сладок компир
Слаткиот компир е полн со витамин А, кој е важен за растот на косата и влијае на производството на себум.
Авокадо
Авокадото е богато со витамин Е. Овој антиоксиданс помага во спречувањето на оксидативниот стрес, кој може да доведе до опаѓање на косата.
Јаткасти плодови
Јатките се полни со витамин Е, витамини од групата Б, цинк и есенцијални масни киселини, кои се важни за растот на косата.
Семки
Како и јаткастите плодови, семките се богати со витамин Е и други хранливи материи кои се добри за растот на косата.
Благ пипер
Благите пиперки се богат извор на витамини А и Ц, хранливи материи кои помагаат во заштитата на здравата коса.
Грав
Гравот е одличен извор на протеини, железо, цинк и биотин, кои се неопходни за оптимално здравје на косата.
Месо
Месото е одличен извор на протеини. Црвеното месо е особено богато со железо, кое лесно се апсорбира.