
Совршен пијалок за почеток на денот.
Едноставен пијалок со неколку состојки што секогаш ги имате дома е одличен начин да го започнете денот. Ќе ви даде сила за задачите што претстојат, што е важно ако не сакате да појадувате рано.
Без разлика дали сте спиеле малку и сте уморни или едноставно ви треба дополнителен поттик за да се разбудите, овој пијалок е идеално решение. Цитрусите и брусницата се богати со витамин Ц кој ќе го зајакне имунитетот, јогуртот содржи протеини и минерали кои му даваат сила на телото за претстојниот ден.
Можете да го понесете пијалокот на работа и да го пиете во текот на денот како ужина. Но, најдобро е да го пиете наутро, бидејќи тогаш го забрзува метаболизмот, па ќе го поттикне губењето на тежината.
Потребни ви се:
1 портокал
1 лажица сок од лимон
Околу 10 брусници
½ чаша (од 250 мл) јогурт
Подготовка: Измешајте ги сите состојки и испијте го пијалокот на празен стомак кога ќе станете. Не мора да го цедите портокалот, можете да го исечкате ситно.