
Студиите покажаа дека пиењето кафе може да ви го продолжи животот и потенцијално да го намали ризикот од атријална фибрилација (неправилен, брз отчук на срцето). Сега, тие ја утврдија количината на кафе што може да го намали стресот.
Огромната студија, објавена во Journal of Affective Disorders, ги разгледа самопријавените количини на кафе и медицинските картони на 460.000 луѓе во период од околу 13 години.
По тој временски период, податоците покажаа дека оние кои пиеле кафе дневно, поточно две до три шолји, имале помал ризик од развој на нарушувања на расположението (т.е. голема депресија или биполарно растројство) и нарушувања поврзани со стрес (т.е. анксиозност и нарушувања на прилагодување) во споредба со луѓето кои воопшто не пиеле кафе, објавува Prevention.
Луѓето кои пиеле пет или повеќе шолји кафе дневно не забележале никакво намалување на стресот, туку напротив – забележано е зголемување на нарушувањата на расположението. Доктор Кира Бобинет и диететичарот Александар Лерит го нагласуваат позитивното влијание на антиоксидантната содржина на кафето, кое може да дејствува во борбата против воспалението и, според тоа, сите видови болести.
„Кафето е многу повеќе од кофеин. Содржи стотици биоактивни соединенија, вклучувајќи полифеноли и хлорогени киселини, кои имаат антиоксидантни и антиинфламаторни ефекти и можат независно да го поддржат здравјето на мозокот со текот на времето“, рече Бобинет.
Врската помеѓу кафето и помалиот ризик од проблеми со менталното здравје може да се објасни со неговите ефекти врз функциите на бубрезите, црниот дроб и метаболизмот на мастите. Ова се процесите што антиоксидансите во кафето можат да ги поддржат, забележа таа.