
Состојки:
500 г шампињони
1 главица кромид
2 чешниња лук
40 г путер
1 лажица брашно
600 мл пилешка супа (бујон)
200 мл павлака за готвење
½ лажичка сушена мајчина душица
Сол и бибер
За послужување:
100 г шампињони
3 парчиња леб
20 г путер
Неколку гранчиња свеж копар
Подготовка:
Исчистете ги печурките и исечете ги на тенки листови. Растопете го путерот во тенџере, додајте го ситно исечканиот лук и кратко пропржете го. Потоа додајте ги печурките и пржете ги на силен оган додека не ја испуштат течноста. Посипете со брашно и налејте ја супата. Додајте ги мајчината душица, биберот и солта, па варете околу 15 минути. Изблендирајте ја супата со рачен блендер додека не добиете мазна смеса. Додајте ја павлаката за готвење, вратете на тивок оган и варете уште неколку минути, внимавајќи супата да не зоврие силно. Во меѓувреме, пропржете ги преостанатите печурки, а лебот исечете го на коцки и потпечете го додека не стане крцкав. Сипете ја супата во чинии и одозгора ставете од пржените печурки, крутоните и свежиот копар.