Направете ранч дресинг: Кремаст американски класик кој оди подеднакво добро со салати и месо

popara27 јуни, 20261min00
b_260627017

Ранч сосот е еден од најпопуларните ладни преливи и сосови во светот, познат по својот богат, малку кисел и зачинет вкус кој одлично оди со месо и салати.

Доколку сакате брзо да подготвите домашна верзија, ви донесуваме еден проверен рецепт.

Состојки:

  • 200 грама мајонез
  • 100 грама павлака (или грчки јогурт)
  • едно чешне лук (или малку лук во прав)
  • една лажичка сушен копар или магдонос
  • една лажичка сушен власец (по желба)
  • една лажичка сок од лимон или бел оцет
  • сол и бибер по вкус
  • една до две лажици млеко (доколку е потребно за поретка текстура)

Подготовка:

Во сад измешајте го мајонезот и павлаката додека не добиете мазна смеса. Додадете го лукот, кромидот во прав, зачините и сокот од лимон. Добро измешајте сè додека состојките не се соединат.

Доколку сакате, додадете малку млеко за да го направите сосот поретко и покремаст. Ставете го во фрижидер најмалку 30 минути пред сервирање за да се спојат вкусовите. Овој популарен сос може да се сервира со печено месо, како и со пилешки медалјони и друго пржено месо, но и како дресинг за салата.