Овие бои на чевли се во тренд: Пет нијанси за шик комбинации

popara1 август, 20262min00
1169001_shutterstock-150773702_m

Сива, црвена, златна, зелена и кафеава се издвоија како најдобри бои за чевли за летото.

Во секоја модна комбинација, чевлите имаат голема, ако не и одлучувачка моќ да го комплетираат нашиот аутфит во насоката во која сакаме да оди, без разлика дали станува збор за поелегантен и формален или спортски изглед.

Покрај веќе познатите метални и црвени нијанси, како и безвременските неутрални, оваа година имаме можност да видиме нови освежителни бои за чевли. Значи, ако набавите чевли во една од овие бои, нема да погрешите и дефинитивно ќе бидете забележани.

А еве ги петте најдобри бои за чевли за ова лето.

Сива

Сите нијанси на оваа неутрална боја се прифатливи и ќе бидат одлична замена за црната.

Црвена

Црвената боја е сè уште во тренд, и кога станува збор за облека и обувки. Со огнени и светли нијанси на црвени чевли во преден план, особено во комбинации со контрастни тонови, ќе блеснете во секоја пригода.

Златна

Металиките нијанси се голем тренд од минатата година, а сега водечката улога од сребрената полека ќе ја преземе златната боја на чевлите со различни модели во оваа рефлективна нијанса.

Зелена

Заедно со црвената, изненадувачка боја на чевли што често се појавуваше во пролетните и летните колекции беше зелената. Со своите смирувачки тонови од природата, зелената служи за балансирање на различните комбинации.

Кафеава

Секогаш шик и одличен избор во текот на целата година, неутралната кафеава е исто така голем фаворит во боите на чевлите за оваа година. Исто како и сивата, таа е совршена алтернатива на класичниот црн избор на модни додатоци.