Подгответе печени макарони со сирење: Едноставен и вкусен избор за ручек

popara15 ноември, 20261min00
b_261115094 (1)

Британската готвачка Мери Бери сподели рецепт за макарони со сирење кои можат да се подготват однапред; тие можат да стојат во замрзнувач до три месеци и да се печат без претходно одмрзнување.
Ова е практично решение за топол оброк во постудените денови, кога по работа немате време за долготрајно готвење.

„Ретко печам јадења директно од замрзнувач, но ова е еден рецепт каде што тоа функционира совршено“, истакна Мери Бери.

Состојки:

150 грама макарони, 55 грама путер, 55 грама брашно, 900 милилитри топло млеко, една лажица сенф, 55 грама крупно изрендан пармезан, 100 грама крупно изрендан зрел чедар, 100 грама крупно изрендан зрел чедар (за одозгора), сол и бибер по вкус.

Подготовка:

Сварете ги макароните во солена вода, но само додека не останат цврсти („ал денте“). Исцедете ги, исплакнете ги со ладна вода и повторно добро исцедете ги. Подгответе плиток сад за печење со капацитет од 1,5 до 1,75 литри. Во поголемо тенџере, на умерена температура, растопете го путерот, додајте го брашното и кратко пропржете. Намалете ја температурата и постепено додавајте го топлото млеко, постојано мешајќи со маталка, додека сосот не стане мазен. Оставете да зоврие, притоа постојано мешајќи. Сосот треба да остане редок. Во сосот додајте ги сенфот, пармезанот, првите 100 грама чедар, како и поголема количина сол и бибер. Додајте ги исцедените макарони, добро измешајте и префрлете ја смесата во подготвениот сад за печење. Одозгора посипете ги преостанатите 100 грама чедар.

Откако јадењето ќе се олади, покријте го со проѕирна фолија и ставете го во замрзнувач. Таму може да стои до три месеци. Мери Бери препорачува јадењето да се пече директно од замрзнувач, без одмрзнување. Ако се остави да се одмрзне, тестенините ќе впијат премногу сос и ќе станат премногу меки (кашести).

Загрејте ја рерната на 200°C (180°C за рерна со вентилатор). Отстранете ја пластичната фолија и печете го замрзнатото јадење 45 до 50 минути. Послужите ги макароните веднаш штом ќе ги извадите од рерната.

Ако садот за печење е длабок, средината може да остане ладна иако површината е заруменета. Во тој случај, покријте го садот со алуминиумска фолија и печете уште пет до десет минути, сè додека јадењето не се загрее целосно до средината.