Солени мафини со сирење кои се прават за момент: Сè заедно се меша и се пече.

popara30 октомври, 20261min00
Солени маафини
  • Одлично одат со кајмак, ајвар или јогурт.
  • Потребни ви се:
  • 300 г сирење
  • 2 јајца
  • 3 дл јогурт
  • 1 дл масло
  • 18 лажици пченично брашно
  • 1 прашок за пециво
  • Сол по вкус


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте сирење, јогурт, јајца, масло, пченично брашно, сол и прашок за пециво во сад. Намастете го калапот и наросете го со брашно. Потоа ставете ја смесата во калап за мафини, наросете ги мафините со сусам и печете.