Кога сте сексуално возбудени или пак некој сексуално ве привлекува, вашето тело испраќа сигнали со кои ја покажува заинтересираноста.
Флертот е основна алатка за започнување на контакт. Можете да флертувате на директен или дискретен начин. Кај директниот флерт станува збор за брз телесен контакт, додека кај дискретниот флерт потребна е тактика, која почнува со заводлив поглед. Погледот трае неколку секунди па повторно се повторува по пауза, бидејќи личноста ќе погледне на друга страна, но со поглед се навраќа на вас.
Не секогаш мажите се тие кои први го прават потегот на зближување. Многу сексолози и експерти мислат дека првиот потег, и тоа во поголемиот број на случаеви го прават жените, без разлика дали за време на танц или на некој друг начин.
Мажот често за време на разговор на жената се обидува да и остави позитивен впечаток со своите дотогашни успеси, а жените со емотивни знаци го прифаќаат или одбиваат. Еден од знаците на заинтересираност кај жената е играта со косата. Во повеќе од 50 % од случаеви жените се тие кои го прават првиот допир. Тоа може да биде допир на вратоврската на мажот или пак кошулата, но често се случува допир на раката или рамото.