Британците веруваат во бабини “деветини” :))) Да не носат и лукче во џебчињата :)))

popara21 октомври, 20111min00
morkov

Една од пет британки веруваат во “приказните на старите жени” поврзани за болести, како оние дека од стрес побелува косата или дека постои “машки грип” поради кој болните повремено лежат само на каучот и гледаат спорт, покажала неодамна објавената студија.

Истражувањето спроведено на 2.000 возрасни британци покажало дека поголемиот дел од нив веруваат во погрешни убедувања и и приказни на стари баби, вклучувајќи ја и онаа дека јадењето  моркови го подобрува видот.

-Неверојатно, сеуште постојат многу заблуди околу тоа како се доаѓа до поблаги болести и како тие се лечат – навдува во соопштението одговорниот на истражувањето Мајк Смит.

Десет главни митови, кога станува збор за здравјето, варираат од јадење на моркови до тоа дека од стрес побелува косата.

Повеќе од една третина од испитаниците веруваат дека шеќерот ги прави децата хиперактивни, додека 37% сметаат дека телесната топлина ја губиме преку главата.

-Истражувањето покажало дека поголемиот дел од популацијата и понатаму верува дека очите ќе им станат четвороаголни ако гледаат премногу телевизија или дека подобро ќе гледаат ако навечер јадат моркови, вели Смит.

Истражувањето покажало  и дека речиси половина од испитаниците изјавиле дека мажите ги преувеличуваат своите болки за да привлечат внимание, додека 38%  веруваат дека на мажите им е потребно повеќе време за да се опорават од жените.

Повеќе од половина од испитаниците признаваат дека самите на себе си поставуваат дијагнози со помош на интернет.

-Бабските приказни се толку тоа – приказни кои не треба да ги слушате. Ако не знаете како да се излечите, обидете се со лекар или медицински професионалци, изјавува Смит.

Студијата порачана за време на премиерата на холивудскиот трилер “Зараза” со Мет Дејмон и Гвинет Палтроу во главните улоги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag