Братот на Мадона бездомник! На Мадона не и е гајле! :)

popara23 октомври, 20111min00
63604-madona01-ap-anthony-harvey-f

Додека богатството на кралицата на музиката се проценува на 650 милиони долари, неодамна се огласил нејзиниот брат Ентони, кој живее на улиците на Милиген како бездомник со помош од црквата и милоста на другите луѓе.

Семејството ми го сврте грбот кога ми беше најтешко. Мислите дека не си го поставив безброј пати прашањето: како е можно сестра ми да е милионер, а јас бездомник? Но, секако, се може да се случи, никогаш не викај никогаш – изјавил Ентони (55) за локалните медиуми.

Тој изјавил дека на улица е повеќе од 10 години, кога ја изгубил работата. Иако не открил како се случило тоа, признава дека сега спие под мостот, секогаш има проблеми со зимата, а преживува благодарение на оброците во црквата, локалниот затвор и еден супермаркет.

Инаку, Ентони не е единствениот брат на Мадона кој благодарение на презимето добил место во медиумите. Кристофер, помладиот брат на Мадона, пред три години напиша и објави книга „Животот со мојата сестра мадона“, во која изнел детали од врската на пејачката со Гај Ричи, а ја претставил сестра си како себична манипулаторка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag