Црната чипка повеќе не е резервирана за елегантна облека за посебни прилики, туку се почесто се користи како моден детал за различни лежерни и спортско-елегантни комбинации.
Оваа сезона црната чипка апсолутно доминира на модната сцена. Чипката е симбил на елеганција, женственост, луксуз и добар вкус. Дизајнерите оваа есен на црната чипка и дадоа посебно место и ја искористија како ефективен детал во своите колекции.
Оваа сезона се истакнуваат фустаните од црна чипка дизајнирани во ретро стил, како и долгите струкирани фустани и моделите до колена. Актуелни се романтични туники од чипка кои се носат врз тесни или пак многу широки панталони и високи потпетици. Нтересни се и тесните чипкани блузи кои може да ги носиме во најразлични комбинации. Модерни се и корсети целосно прекриени со липка, како и блузи со чипка на ракавите или карнери.
Големо внимание привлекуваат и модните детали со црна чипка: чанти, накит, ракавици, шешири и чевли, кои и даваат неверојатен гламур на секоја комбинација.