Плитвички езера

popara24 октомври, 20112min00
Plitvice Waterfalls

Плитвички езера е името на еден национален парк во Хрватска.

Регионот каде се наоѓаат овие езера е прогласен за национален парк во 1949 година, а до 1979 година се под заштита на УНЕСКО.

Во 1958 година почнале да се градат мостови од дрво за полесен пристап до езерата, со што се популаризирала нивната туристичка вредност.

Самиот терен е изграден од карстни карпи и варовници, со поврзани езера и пештери.

Езерата се одделени меѓу себе со природни брани од травертин, кој го создаваат мовта, алгите и бактериите. Натрупаните растенија и бактерии се акумулираат едни врз други, создавајќи травертински бариери кои растат со брзина од речиси 1 сантиметар годишно.

Езерата се познати по различните бои, кои варираат од азурна до зелена, сина и сива. Боите постојано се менуваат, во зависност од количеството минерали и организми во водата.

Езерата се поделени во 12 Горни и 4 Долни Езера.

Меѓу себе се поврзани со бројни водопади, создавајќи неверојатна и различна глетка секој пат кога ќе го посетите ова место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag